Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките за смртност од коронавирусот

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави графикони на кои е претставен процентот на смртност од коронавирусот во светот и кај нас.

„ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек“, напиша министерот Филипче на Фејсбук.


„Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции“, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН

Израел: Паднаа маските

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Почна седницата на Советот за безбедност