Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на државата, потенцирајќи ги придобивките за целиот народ, но, пред се за младите.

„Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Тоа е признание за нашиот идентитет, тоа е економски напредок, тоа е фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот. Но најважно – тоа е начин за обединување на сите Македонци. Во и надвор од земјата“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека евроинтеграцијата не е апстрактен политички проект, туку битка за нормален живот.

„Кога млад човек ќе види дека државата му нуди фер систем, тогаш ќе остане овде. Ако не сториме ништо, ќе изгубиме уште илјадници талентирани млади луѓе. Тоа не смее да се дозволи“, нагласи Филипче.

Социјалдемократите се посветени на тој пат, како наследници на АСНОМ и Илинден, со силна европска визија:

„Вие сте наследници на илинденците и асномците. Тоа е свето наследство. Наша обврска е да ја продолжиме нивната борба – денес преку знаење, учество, идеи. И да ја однесеме Македонија таму каде што припаѓа – во европското семејство на народите“, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари