Филипче: Вакцинацијата на постарите граѓани со „АстраЗенека“ се одвива добро

Од:

Почна вакцинацијата на постарите граѓани од онаа критична категорија според Националната стратегија за вакцинација. Вакцинацијата почна во најголем број од градовите, а во останатите, односно во помалите градови во здравствените домови ќе започне во петок. Нашите информации се дека досега целокупниот процес се одвива добро. Нема некакви проблеми. Јасно се одбележани местата каде е пријавата, каде се пополнуваат документите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, каде се одвива вакцинацијата на граѓани над 77-години.

Во овој пункт во поликлиниката, посочи министерот, имаме два дела – еден за вакцинација на постарите граѓани и еден пункт каде се одвива ревакцината на здравствените работници со вакцината на „Спутник V“.

Посочи дека 20 000 вакцини веќе се поделени согласно пријавените нешто под 20 000 граѓани ширум државата кои изразиле волја да ја примат оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски