Филипче: Tешките моменти како несреќата кај Ласкарци не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг

Од:

„Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.

Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива. Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг“, напиша на својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска се навршува една година од сообраќајна несреќа после наплатната рампа „Глумово“, каде автобус на компанијата Дурмо Турс, изгуби контрола и падна во бездна. Во сообраќајката животот го изгубија 16 лица, повеќето граѓани од Гостивар, а над 30 се здобија со тешки повреди.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“