А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче: Терапијата на двата лека дава резултати, но најтешката форма на коронавирусот тешко се третира

by А1он13/04/2020 - 16:32681
Share0

Терапијата од комбинацијата на двата лека дава резултат во третманот на пациeнти од коронавирусот. За користењето на крвната плазма подготвен е протоколот и се работи на нејзино техничко подготвување, а кај пациентите со најтешка форма на оваа болест кај сите досегашни лекувања и покрај дадената терапија за жал нема резултати.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакна министерот за здравство Венко Флиличе одговорајќи на новинарски прашања.

-Во нашето искуство, во секојдневната комуникација со инфектолозите, со анестезиолозите кои работат со нашите инфектолози на Клиниката за инфективни болести во одделот за интензивна нега, оваа најтешка форма на болест, и покрај сите преземени мерки, многу тешко може да се третира и за жал пациентите и покрај сите интензивни мерки на терапија, на лекување, на супортивна терапија, антибиотска и секоја друга терапија што доаѓа предвид за други органи и органски системи, не само за белите дробови, за жал не дава резултат, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Сепак, како што појасни, терапијата составена од комбинација од двата лека, а која се дава на Инфективната клиника, дава резултати. Појасни и дека протоколот за крвната плазма е завршен од страна на специјалистите во Инстутот за трансфузиона медицина и во моментов се работи на нејзино техничко подготвување.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Терапијата дава резултати, добар дел од пациентите веќе се пуштени на домашно лекување, сите тие кои беа и кај кои беше индицирано давањето терапија и за кои рефериравме дека се пуштени дома од Инфективната клиника ја примаа терапијата, рече Филипче

Како што појасни, колегите на трансфузија се подготвени технички да го изработат одделувањето на плазматата, односно фракционирањето, а потоа ќе биде идницирано да се даде на одредена група на пациенти, согласно параметрите и начинот на манифестација на болеста.

Филипче додаде и дека денеска официјално се обратиле до Јапонската амбасада за донирање на една форма на антивирусен лек односно дополнителна терапија како помош за сите земји.

-Во однос на дополнителна терапија ги пратиме светските трендови и очекуваме да стигнат и после формализирањето да документите, делот од терапијата што доаѓа преку студијата од светската здравствена организација денеска се обративме и официјално до Јапонската амбасада заради тоа што Јапонија најави деќа ке донира една форма на антивирусен лек како помош за сите земји, рече Филипче.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он05/10/2026 - 13:37

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:08

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:40

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 13:34

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 12:46

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 12:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео