Филипче: Светска банка го одобри проектот за брз одговор на Ковид-19, со флексибилни услови

Од:

Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со КОВИД-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денеска одржа работен состанок со експерти од Светската банка.

„Тие се флексибилни и проектот може да се надополни. Со него подобро ќе одговориме на предизвикот,“ додаде министерот.

На состанокот на кој Филипче ги образложил сите аспекти од страна на Светска банка присуствувале водечкиот специјалист за здравство Доминк Хазен, одговорната за програмите за човечки развој во канцеларијата на СБ во Скопје Бојана Нацева, специјалистот за набавки Антониа Виачка, како и виш специјалист за општествен развој Беким Имери, специјалистот за животна средина Ивана Новаковиќ и програмскиот асистент Јасминка Шопова.

„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект, кој има одличен концепт за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот ги образложив сите аспекти кон покривање на итните потреби на здравствениот систем, а тоа е зајакнување на капацитетите на системот за соодветно менаџирање на случаите со ковид-19. Проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување на лабораториска опрема. Жалам што дополнителната заменичка министерка за финансии целиот овој изминат период го блокираше проектот, а со тоа се ставија во ризик пациентите. Нашиот предлог план е поддржан од страна на Светска банка, но истиот може и да се надополни, тие се флексибилни. Пациентите се на прво место. И токму затоа, со овој проект, ќе го зајакнеме нашето јавно здравство, но и подобро ќе одговориме на предизвикот со ковид-19,“ изјави Филипче.

Новиот проект за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, е проектиран на износ од 90 милиони евра и се состои од две компоненти. Првата компонента за итен одговор, се однесува на зајакнување на здравствените капацитети со обезбедување зголемување на капцитетите за тестирање, техничка експертиза, лабораториска опрема, заштитна опрема, медицински помошни материјали и опрема, реновирање здравствени установи, развој на системи за да се обезбеди навремено откривање случаи и следење контакт, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација, како и финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи корисници. Втората компонента за поддршка на домаќинствата се однесува на обезбедување поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од коронавирусот и паричен надомест за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Предраг Петровиќ

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев