Филипче: Сигурно ќе дискутираме за нови рестриктивни мерки

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дискусија за воведување на нови рестриктивни мерки со сигурност ќе има. Тој не прецизира дали тоа ќе се скратува работењето на угостителите или пак, ќе се воведе рестрикции во движењето. Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок, по што, заклучоците и препораките ќе ги испрати до Кризниот штаб и Владата.

„Во понеделник ќе знаеме точно, сега не знам. Ќе дискутираме сигурно“, вели Филипче

Евентуалното воведување на нови рестрикции доаѓа во период кога се организираат предновогодишни прослави во дел од угостителските објекти, но и во пресрет на новогодишните празници. „А1он“ објави дека дел од менаџерите на угостителски објекти објаснија дека со почитување на протоколите, можат да реализираат ваквите собирања.

Епидемиолошките анкети на Центарот за јавно здравје-Скопје, пак, покажуваат дека коронавирусот главно се шири на големи собири и прослави, каде што луѓето седат без заштитна маска и не ги почитуваат мерките.

Во пресрет на дискусијата за воведување на нови рестриктивни мерки, барање за средба со членовите на Комисијата за заразни болести веќе достави и Независна угостителска комора (НУК). Тие сметаат дека евентуално нивно ново затворање е нелогично, неефективно и општествени последици.

„Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава“, велат од Независната угостителска комора.

Епилогот од дискусијата за воведување нови рестриктивни мерки ќе се знае утре.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска