Вирусот се шири преку големи собири и прослави, покажуваат анкетите, кластерите тешко се лоцираат

Од:

Коронавирусот главно се шири на големи собири и прослави, каде што луѓето седат без заштитна маска и не ги почитуваат мерките, покажуваат епидемиолошките анкети, вели Бесим Зекири, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје за „А1он“. Кластерите тешко се лоцираат во услови кога има енормни бројки на новозаразени, вели доктор Зекири, и додава дека епидемиолошките анкети помагаат ако се спроведуваат навреме.

„Начинот на ширење главно е на големи собири, прослави, места каде што луѓето се изложуваат без заштитна маска и не се внимава на другите мерки за заштита. Тешко е да се одредат кластерите во услови на енормни бројки на новозаболени, но главните кластери се во семејствата и работните организации. Епидемиолозите веќе долго време работат прекувремено и за викенди, но и покрај тоа, анкетирањето се одвива со задоцнување. Анкетите, пак, помагаат доколку се спроведуваат навреме, а со тоа се изолираат заразените и контактите“, вели директорот Зекири за „А1он“.

Тој вели дека зајакнување на капацитетите е потребно, но е невозможно поради тоа што се потребни специјалисти, односно епидемиолози. На дневно ниво Центарот за јавно здравје – Скопје постигнува да направи 60 анкети иако изминативе месеци секојдневно бројот на новозаразени се движи речиси по 500 лица.

„Постои загриженост кај епидемиолозите поради високите бројки и ние секојдневно апелираме на почитување на мерките, кои ако би се почитувале, ситуацијата би била многу подобра. Сè уште има случаи што ги кријат контактите, како и погрешни броеви и адреси. Инаку, лицата секогаш одговараат на повиците“, додава директорот Зекири.

Според него, додека болниците имаат доволни капацитети, може да се каже дека ситуацијата е под контрола.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска