Филипче: Секој ден има нови случаи со морбили

Од:

 Секој ден има нови случаи со морбили. Околу 30 пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести од кои најголем број се деца. Вкупниот број случаи од почетокот на епидемијата досега е 150, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Појасни дека резултатите од опфатот со вакцинацијата од почетокот на епидемијата, досега, се одлични.

– Близу половина од невакцинираните деца се до Скопје, сега се вакцинирани и се надевам дека овој тренд ќе продолжи понатаму со што на некој начин како прво ќе го ограничиме ширењето на епидемијата, а и ќе влијаеме во иднина таа да не се случува, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на 4 февруари, Светски ден за борба против рак.

Во врска со тоа дали Клиниката за инфективни болести има капацитет поради големиот број случаи со морбили и со оглед на тоа дека пикот на грипот епидемиолозите го најавуваат овој месец, рече дека таму одвоиле две крила на едно одделение, каде се изолирани пациентите со морбили.

– Нема така голем број случаи со грип засега. Се надевам така и ќе остане. Нешто е помал процентот на случаи во однос на минатите години, меѓутоа Клиниката има капацитет, а доколку има потреба и во други институции, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија