Филипче се вратил на одмор во Грција по донесените рестрикции за короната

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, по увидот на состојбата со пожарите и новиte мерки против короната, се вратил во Грција за да го доврши одморот. Ова за „А1он“ го потврди самиот Филипче. Тој вели дека вечерва се враќа, а од утре ќе биде во Скопје. Ова значи дека министерот одморот го продолжил пред четири дена, откако Владата по предлог на Комисијата за заразни болести изгласа нови рестриктивни мерки против коронавирусот, а тој одржа прес-конференција.

Водејќи се од одговорот на Филипче дека одморот го продолжил веднаш по увидите во пожарите кои беснееја и донесените рестриктивни мерки, тоа значи дека во Македонија бил само еден ден, односно дека изминативе четири дена е во Грција.

„А1он“ побара информации за одморите на премиерот и другите министри во Владата, но се уште не се испратени одговорите.

Филипче и Заев одмораа на првиот крак во Грција, заедно со нивните сопруги. Во истиот период, во Грција беше и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Министерот за здравство и премиерот го прекинаа одморот пред пет дена, по бурните реакции во јавноста дека тие се сончаат, додека во Македонија вирусот неконтролирано се шири, а државата е во пламен како последица на пожарите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски