Филипче се сретна со косовскиот колега Арменд Земај

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со заменик министерот Арменд Арслани, денеска се сретнаа со косовскиот министер за здравство Арменд Земај и неговиот тим. На средбата се разговараше за актуелната состојба со Ковид-19, но и за други аспекти и можна соработка во сферата на здравството помеѓу двете земји.

Министерот Филипче, како што соопшти Министерството, се заблагодарил на неговиот колега Земај за иницијативата за средбата и соопшти дека договориле неколку конкретни работи.

– Пред сé регионална работна група која тековно ќе ги следи состојбите на теренот и ќе ги носи потребните одлуки. Веќе се познати членовите на работната група од нашите две земји, а сега ги чекаме и членовите од останатите земји од регионот, согласно нашиот договор од првиот регионален состанок од пред десетина дена, рече Филипче.

Оваа работна група, додаде тој, ќе обезбедува континуирана размена на информации за епидемиолошката ситуација во земјите.

– Тоа ќе ни помогне да имаме подобро согледување на епидемијата во секоја од земјите и врз основа на тоа носење на заеднички одлуки, нешто што сите нас нé засега. Пред сé тука мислам на режимот на поминување на границите, изјави Филипче по средбата и додаде дека одлуката за режимот ќе се донесе во текот на следната недела.

На средбата, како што додаваат од Министерството, се разговарало и за размена на искуства и во посебни области од медицината, а се договорила и соработка на ниво на медицинскиот факултет, во смисла на тренинг, дополнителна специјализација и супспецијализација.

– Разговаравме и за можноста да аплицираме заеднички европски проекти пред сé во сферата на тренинг и стекнување на искуство на здравствените работници, доктори од одредени специјалности, информираше Филипче и упати порака дека како соседни земји треба да си помагаме и да се поддржуваме и во сферата на здравството, особено гледано низ призма на кризата низ која поминуваме сите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ!

Филипче од Гостивар: Власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат

А1он

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира