Филипче: Се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи

Од:

Приметуваме во изминативе денови нешто е зголемен процентот на позитивни случаи од вкупниот број на направени тестови. Тоа се случуваше изминатите три дена. Имавме еден тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме донекаде 6,5, а сега е околу 8. Почнавме да правиме анализи во изминатите два дена, ќе продолжат и викендов, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

-Тоа што не сакаме да дозволиме е да имаме преполни болници. Така што таа анализа ќе заврши веројатно во понеделник или во следните први денови од неделата и врз основа на тоа ќе можеме да кажеме на што се должи и дали евентуално нешто треба дополнително да се преземе. За жал, морам да потенцирам дека скоро ексклузивно секаде каде што има нови случаи превентивните мерки не се почитувани. Мора сите да сфатиме дека така ќе живееме и само така ќе се заштитиме. На сите ни е тешко, сите сме родители, имаме деца и за училиште и за во градинка, целиот свет е во оваа криза, порача Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања министерот рече дека само со придржување до превентивните мерки можеме да излеземе од кризата. Во однос на дијагностиката, Филипче рече дека денеска има околу пет починати пациенти.

-Станува збор за исклучително тешка болест која што се манифестира во една тешка клиничка форма. Многу често разговараме, практично секојдневно со директорите на сите клиники и болници каде што се лекуваат овие пациенти за апсолутно сите се презема се. За жал има и млади починати, дел од нив се сериозен коморбилитети, ситуацијата е нешто што за жал ја намалува шансата за добар исход, истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска