Филипче: Се отвора ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово се сретна со директорите на ковид центрите од комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје за да се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти.

Како што информира Министерството за здравство, во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има.

– Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена, соопштува МЗ.

Вкупно во комплексот клиники Мајка Тереза има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 Септември и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле, информира Министерството.

Би можело да ве интересира

35-годишен пациент од Скопје почина од Ковид-19

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 584 пациенти, слободни кревети има

Ана Ололовска

347 нови случаи на Ковид-19, починати се 11 лицa

Ана Ололовска

407 санкции за неносење маска

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти

Ана Ололовска

Вакцинацијата не треба да биде трка меѓу земјите, ЕУ ќе обезбеди вакцини за Западен Балкан најбрзо што може, вели евроамбасадорот Гир

Ана Ололовска