Филипче: Се очекува до крајот на месецов да стигнат и другите вакцини и да почне масовното вакцинирање на населението, 95 илјади се пријавени

Од:

Веќе сме во краен период во кој во земјава се очекува да пристигнат и останатите вакцини и последните најави се дека тоа ќе биде до крајот на месецов, информира министерот Венко Филипче при денешната посета на новата модуларна ковид болница во рамки на велешката Општа болница.

– Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 илјади граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Од нив, 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, значи се таа прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар. Веднаш кога ќе пристигнат вакцините, за разлика од сегашните вакцини тие ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови во земјава и ќе започне масовното вакцинирање на населението, најави министерот Филипче.

Во врска со изградбата на новиот Клинички центар, Филипче се надева дека пратениците од опозицијата ќе покажат храброст и волја да ги повлечат амандманите.

Од самиот почеток постапката е отворена транспарентна, имавме појаснување во Собранието на јавна дебата со присутни експерти и пратеници. Појаснивме и зошто го прекинавме оној претходен проект за изградба на Клинички центар во рамки на постоечкиот, бидејќи не беше нов Клинички центар, туку само нова зграда за Интерни одделенија, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

– Немаше никаква логика да се гради таму, а требаше да чини околу 120 милиони евра. Ние ги изреновиравме сите Интерни одделенија за некоја мала сума која не може да се спореди со оваа, појасни Филипче.

Додаде дека во делот на транспарентноста и отвореноста очекува дека ќе најдат заеднички јазик и дека опозицијата ќе им се приклучи на овој проект.

– Да им покажеме на граѓаните дека тоа што е итно за нив имаме капацитет да го направиме заеднички и дека ќе ги надминеме овие разлики и нема да го направат ова со блокадата на Собранието, потенцира Филипче.

Појасни дека е јасно зошто е избрана локацијата во Ѓорче Петров, затоа што е на државно земјиште, за разлика од претходната во Злокуќани на која требаше да се врши еспропријација на земјиштето и тоа ќе чинеше и време и пари.

– Најреномираните две европски компании аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на дијалог. Тоа се француската „Вуиг“ и германската компанија преку австриското претставништво „Ману“. Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија со експертиза во делумно опремување и ставање во функција, појасни Филипче.

Додаде дека целта на законот е да се дозволи за двете компании,а дека тие се спремни.Според него. ниту се конкурентни туку едноставно во делот на сопствената експертиза да го направат најдобро за граѓаните да имаат една современа болница.

– Искрено се надевам дека пратениците од опозицијата ќе соберат храброст да покажат волја да ги повлечат амандманите, без кои законот не може да помине, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска