Филипче: Се намалува преносливоста на вирусот, но притисокот врз болниците и натаму е голем

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцира и важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостатокот на медицински кадар.

„Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1“ – вели Филипче.

Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

– Се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите , но тоа оди се потешко – изјави министерот.

За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, објасни Филипче, а мерките кои се на сила иако ги даваат првичните резултати сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети како и недостаток од медицински кадар. Министерот изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски