Филипче: Се намалува бројот на приеми на пациенти, се прават проекции и за нови болнички капацитети

Од:

Изминатите нeколку денови се намалува бројот на приеми споредено со тоа што беше пред десеттина дена кога имаше огромен број пациенти кои доаѓаа во болница и тогаш немаше пациенти кои се испишуваа. Вчера после долго време првпат бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на здруженија за ретки болести во Градскиот парк.

Посочи дека ги подготвуваат болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман ако даваат и друга здравствена услуга, и потенцира дека прават проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци, кога е можен уште поголем притисок, тогаш и со друга патологија од сезонскиот грип.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во јавните здравствени установи каде се примаат заболени од Ковид-19, тој рече дека триесеттина проценти е исполнет капацитетот на болницата во Козле, и има доволен број слободни кревети.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет е капацитетот во сите болнички одделенија ширум државата освен во Охрид и во Битола, каде има уште неколку слободни кревети, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека со одлука на стручниот колегиум се одложуваат само хируршките интервенции на пациенти на кои тоа одложување нема да им ја влоши здравствената состојба.

Тој најави дека деновиве ќе биде пуштен системот за закажување „МојТермин“ во оние клиники и одделенија каде лекарите не ротираат.

– Во кој било момент ако одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка, дали е тоа рестрикција во движењето во кој било дел од земјава тоа ќе го препорачаме, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Починатиот 22-годишен пациент од Ковид-19 имал Даунов синдром

А1он

Седум скопски општини со над 100 заболени од коронавирусот

А1он

Нови 113 заболени од Ковид-19, починати шест лица меѓу кои и 22-годишен пациент

А1он

Ќерка и нејзината 81-годишна мајка ја напуштија Градската болница – се излечија од коронавирусот

А1он

Чаир и Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје, вкупно 1.303 во главниот град

А1он

88 нови случаи на Ковид-19, починати се шест лица

А1он