Филипче: Заменик-министерката за финансии ги блокира средствата од Светска банка за квалитетен третман на пациентите со Ковид-19

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, изразува жалење и не разбира зошто од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии се блокираат средствата од Светска банка наменети, меѓу другото, за здравствениот систем да  може да одговори на потребите на пациентите со Ковид-19.

– Навистина жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот. Имавме прашања од нејзина страна на кои одговоривме осум пати. Станува збор за кредит, помош што е од Светска банка за оваа намена за поддршка на здравствените системи. Во светот кредити зеле повеќе од 100 земји и тоа  е итен и брз кредит, а ние два месеца одговараме на прашањата на дополнителата заменик минситерка, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.

Тој појасни дека средствата се за опремување на инфективните одделенија во целата држава, за интензинва нега низ целата држава, кревети, респиратори, аспиратори, мобилни ренден-апарати и сè што значи квалитетен третман на овие пациентите.

– Не можам да ја сфатам причината зошто се прави тоа и се прави сериозен хендикеп на здравствениот систем во оваа фаза, кога сите земји во светот го прават тоа, и кога не знаеме што нè чека од септември, кога сите земји предвидуваат уште еден посилен бран, рече Филипче и додаде дека кога ја имаме шансата за брз кредит сега имаме ваков проблем.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи