Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

Од:

СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник, Марјан Даскаловски, докажан човек којшто има огромна енергија, желба да го продолжи развојот на Општината и Струмица да остане бастионот на демократијата во државата, изјави вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој беше на трибина за превенција и ризици од мозочни удари во Струмица.

Филипче, меѓу другото, рече дека во главниот советнички тим на министерот за здравство има лекари од приватните болници и оти се поставува прашањето за кого „крои политики министерот за здравство – за доброто на јавното здравство или за приватните болници под влијание на неговите најблиски советници“. Според него, тоа не изненадува, бидејќи оваа власт секој ден покажувала и докажувала дека работи само за големите бизниси и компании, за приватните болници, а ништо за обичните луѓе и за народот.

Здравствениот систем, според Филипче, има огромни проблеми. -За жал можам да кажам дека имаме и огромни пропусти, се соочуваме со една ситуација во која млади лекари-специјализанти се оставени сами на себе, без никаква поддршка и кога тие се пуштат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и Министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки, рече тој.

Претседателот на СДСМ кажа дека претходната Влада предводена од нивната партија ги зголемила платите на здравствените работници, додека во последната година и пол власта на ВМРО – ДПМНЕ не им даде никакво зголемување на здравствените работници и тоа, според него, е еден доказ дека оваа власт не се грижи за работниците, ниту за државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски