Филипче: Само девет деца со коронавирус во градинките, главно се заразиле надвор од установите

Од:

За три недели, колку што поминаа од отворањето на градинките во земјава, вкупно 22 луѓе, од кои девет деца и 13 вработени во предшколските установи се заразиле со коронавирусот, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својата страница на Фејсбук.

„Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени. Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата,“ пишува Филипче во објавата, од чиј тон се насетува дека министерот овие бројки ги смета за прифатливи.

„Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите,“ додава министерот.

Филипче денеска, по консултативната средва со Комисијата за заразни болести, соопшти дека се анализираат последните податоци од епидемиолошките анкети по зголемениот број нови случаи на Ковид-19 во Македонија. Анализата треба на здравствените власти да им открие на кој начин се пренесува вирусот во последните денови, по што Комисијата евентуално ќе предложи воведување на соодветни дополнителни заштитни мерки, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник