Филипче: Протоколите за гласање на изборите се лесно спроведливи и треба да се почитуваат

Од:

Протоколите и препораките за денот на гласањето на изборите за безбедност на учесниците на изборниот процес лесно може да се спроведат, треба само да се почитуваат. ДИК добро ги едуцираше членовите на избирчките одбори, како и на кој начин се спроведуваат тие протоколи, смета министерот за здравство Венко Филипче кој денеска имаше средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“.

-Протоколите се димензионирани така да се темелат на принципите на носење маски и одржување дистанца. Ние не сме вклучени во делот на контролно спроведување на протоколите, меѓутоа сметам дека било какво групирање и прекршување на протоколите и на друго место надвор од денот на гласање секако е ризик. Меѓутоа, во последно време и свеста генерално не само во однос на изборниот ден кај граѓаните е се поголема. За разлика од порано кога луѓето во паркови не носеа маски, сега гледаме дека се повеќе носат. Очигледно е дека се повеќе луѓето се свесни, ова ќе биде новиот начин на којшто ќе треба да се функционира. Во таа смисла сметам дека ДИК сосема добро ги едуцираше членовите на избирчките одбори како и на кој начин се спроведуваат тие протоколи, нешто што впрочем како препорака за организирање настан во затворена просторија важи и за другите настани, дали се тоа едукации, посета на затворена просторија, настан, марект итн. Мислам дека тоа се протоколи и препораки кои лесно може да се спроведат. Треба само да се почитуваат, рече Филипче запрашан за евентуален ризик од можно семејно и групно гласање.

Во врска со сознанијата на СЗО дека коронавирусот се пренесува и преку воздух, Филипче посочи дека засега не се препорачува носење маска на отворено, при возење велосипед или во лифт.

– Прашање е колку може да издржи во воздухот и дали трансферот се прави со капки или може да лебди и тоа е една голема непозната. Во секој случај маската како надополнување на држењето дистанца согласно потврдените сегашни сознанија е доволна мерка. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките, така како што се сега димензионирани. Во таа смисла оваа мерка е сосем соодветна, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска