Филипче призна дека неговата внука не се вакцинирала за морбили: Мојата внука беше премногу мала за да прими МРП вакцина

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Радио Слободна Европа“ признава дека неговата внука била премногу мала за прими МРП вакцина.

Тој објави фотографија со неговата внука, со цел да ги мотивира родителите да ги вакцинираат своите деца, но граѓаните на социјалните мрежи регираа дека на сликата неговата внука не се вакцинира, бидејќиа сестрата не носи ракавици. Тоа фрли сомнеж врз вистинитоста на тврдењето на Филипче дека ја вакцинирал својата внука и дека целиот настан бил само лажен ПР.

Во интервјуто Филипче вели дека секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика.

– И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи, вели Филипче.

Претходно, во интервју за „1тв“ министерот Филипче изјави дека неговата внука ја примила МРП вакцината.

„Точно дека Илина е премала за МРП вакцината, затоа оваа вакцина ја прими во нога. Намерата ми беше да докажам со личен пример дека имунизацијата е безбедна и дека е многу важна за здравјето на сите граѓани“ – рече Филипче.

Во интервјуто за „Радио Слободна Европа“, Филипче објаснува дека од аголот на сликање не се гледала иглата.

– Очигледно беше таков аголот на сликање па иглата не се гледаше. Но, многу се сериозни антивакциналните кампањи. Тие се сериозен ризик, загрозување на јавното здравје. За да се каже таква работа, за да се верува во таква работа мора да се има предвид дека се загрозува колективниот имунитет, заради тоа што се компромитира вистинската порака. Сето тоа дека е капаче, дека вакцините се поврзуваат со разни болести , дека постојат искуства дека одредени болести се поврзани со вакцините се лажни вести, вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ