Филипче: Правиме план за зголемување на здравствени капацитети во интерните одделенија низ земјата

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.

Како што информира Министерството за здравство, на состаноците било договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од Ковид-19.

„Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

Би можело да ве интересира

578 санкции за неносење маска

Ана Ололовска

Владата бара продолжување на кризната состојба, намален притисокот врз болниците, но здравствените власти внимателни

Ана Ололовска

Стара „Систина“ ќе почне да се полни кога ќе снема места во државните ковид – центри, празни кревети засега има

Маја Илиевска-Пачемска

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во метален сандак

Катерина Павлова-Николовска

1.069 новозаразени со коронавирус, починале 29 лица

Жарко Настоски

Караџовска: Драги безобразни новинари, за разлика од вас, некој нема време да живее на раат

Кристијан Ландов