Филипче: Почнуваме преговори за директна набавка на вакцината на Фајзер

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче информира дека компанијата Фајзер, која произведува вакцина за Ковид 19, одговори на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител.

Според министерот, освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, владата стапила и во директна комуникација со Фајзер и Астра Зенека за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

„Оваа недела очекуваме одговор и од Астра Зенека што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ,“ вели Филипче.

Што се однесува на Ковакс системот, тој овозможува еднаков пристап до вакцините за сите земји кои аплицирале во тој систем, што значи дека во исто време првите количини вакцини ќе бидат еднакво дистрибуирани во соодветен процент според населението до сите земји кои аплицирале.

Министерот го објасни и процесот на вакцинација, кој рече дека ќе биде многу комплексен, но и дека затоа се пристапило доста сериозно,анализирани се сите аспекти на вакцинацијата, а веќе течат активности за успешен процес на имунизација. Формирано е специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата – прием, чување, дистрибуција и практична апликација на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски