Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Од:

На новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Петре Шилегов одработува за ВМРО и за внатрешна поделба на партијата.

„Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, поради тоа што и тоа мислење беше сослушано. Тука станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. После сите наши проверки на информации стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус, никој не гласаше против“, рече Филипче.

Тој нагласи дека единството на партијата е клучно за борбата против корупцијата и криминалот на ВМРО како и за одржување на демократските вредности. „Јас нема да дозволам да ја делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која ништо не може да го направи да го спречи падот на анкетите којшто е евидентен. Веројатно вие ги имате на тие анкети, на коишто ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ до сега немало, а ние имаме раст. Единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата внатре и така да не ситнат за да владеат така како што сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволам, ќе повторам, ВМРО-ДПМНЕ преку разни поединците да ја ситни и да ја дели оваа партија“, рече Филиче.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната