Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици

Од:

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на собраниската Анкетна комисија за Клиниката за онкологија одговарајќи на прашањата на пратениците истакна дека до него додека бил не стигнала информација оти во 2020 година на Клиниката за онкологија имало медицинска сестра што крадела терапија и пак била вратена на работа.

-Не стигнала до мене информација дека се истражува или дека се случила таква работа тогаш, рече Филипче на Анкетната комисија, што истражува евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија.

Екс-министерот за здравство нагласи дека во неговото министерување се донеле лекови за сите пациенти кои дотогаш ги немало во државата.

-Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти…Ако имало криминал во мое време, тоа е во рамките на други истражни институции, не на министерот за здравство, рече Филипче.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за онкологија, Рашела Мизрахи го праша Филипче како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.

-Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата, праша Мизрахи.

Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања.

-Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.

Филипче истакна дека сите набавки се прават врз основа на листа и спецификации на лекови кои што доаѓаат од клиниките.

-Сите набавки се прават врз основа на листа и спецификации на лекови кои што доаѓаат од клиниките. Тоа е тој документ кој Министерството го добива и прави еден процес на набавка. Значи, целата таа спецификација доаѓа со овластување таа да се спроведе од Управниот одбор на институцијата. Управниот одбор ја дава листата на лекови и спецификации, количини и пресметани итн.. со овластување тоа да го направи Министерството. И тоа е стигнато како документација од сите клиники за кои таа постапка е направена. Не знам зошто ја проблематизирате? Не знам дали сакате да политизирате или не? Меѓутоа, таа постапка им обезбеди најсовремен третман на сите пациенти кои што до тогаш тоа го немаа во континуитет без никаков прекин во целокупниот тек на лекувањето, рече тој.

Околу економскиот директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, чија мајка лежела на Онкологија и била на листата за чекање за лекови а не била болна од рак, екс министерот рече дека немал многу време за да соработува со него, но дека „се нашол“ додека траела епидемијата со Ковид-19. Лично сепак смета дека треба да има само еден директор на клиниките и тој да биде од медицинската фела која ја разбира работата.

Седницата на Анкетната комисија за Онкологија продолжува и попладне со сослушувањето на актуелниот министер за здравство Изет Меџити.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ