Филипче на средба со поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ: Сите треба активно да придонесат во битката со пандемијата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, денеска разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници.

Филипче на Фејсбук објави дека на средбата се согласиле оти сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и се договориле да ја интензивираат комуникацијата во следниот период.

-На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, наведува Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ