Филипче на состанок со директорите на ковид центрите во Скопје: Состојбата по болниците се стабилизира

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово одржа состанок со директорите на ковид центрите од клиникте во комплексот „Мајка Тереза“ на кој беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти и на слободни места на инфективните одделенија. По напрвените анализи, заклучено е дека изминатата недела е достигнат врвот по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе имам благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво – информираат од Минстерството.

– Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“ – рече министерот Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород – велат од МЗ.

– Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи – изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса