Филипче: Мобилната болница поставена до Инфективната клиника, искрено се надевам дека нема да биде потребна

Од:

Целосната инсталација, целосното ставање во функција на мобилната болница, поставена во кругот на Универзитетската клиника за инфективни болести, ќе биде во текот на следната недела. Искрено се надевам дека нема да биде потребна. Сега засега нешто над 50 проценти е пополнет капацитетот на Клиниката.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ја посетија локацијата, каде што е поставена мобилната болница.

Тој се заблагодари на Министерството за одбрана, на вицепремиерката и министерка Шекеринска, и на градоначалникот Шилегов, што експресно прво се расчисти просторот, каде беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Се расчисти, посочи Филипче, плацот и се обезбеди место каде се постави оваа мобилна болница која ќе има капацитет 130 кревети, практично дуплирајќи го капацитетот на Инфективната клиника.

– Ова е место кое одлучивме дека е најдобро да биде место каде ќе има доволен број кревети, многу поголем од сега актуелниот, заради тоа што тука е центарот на експертизата, специјалистите по инфективна медицина, медицинските сестри, вклучително и резервниот тим од другите клиники кој ротира како поддршка на Клиниката и на вработените кои имаат соодветен распоред на работа, рече Филипче.

Додаде дека верува оти ќе имаме крива на прием на нови пациенти, кој ќе биде практично амортизиран од Клиниката за инфективни болести.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on