Филипче: Мерките не се политички мотивирани, нема да можеме да издржиме ако за празниците се зголеми бројката како лани

Од:

Никогаш досега мерките за заштита од коронавирус не биле политички мотивирани и секогаш се носеле заради заштита на здравјето на граѓаните, уверуваше денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека прогласувањето на мерките не е поврзано со одложувањето на пописот.

„Никогаш досега, од лани, кога почнавме со воведување мерки, никогаш мерките не биле политички мотивирани, секогаш беа заради заштита на здравјето на граѓаните. Сакаме да спречиме дополнително комплицирање на ситуацијата кое очекуваме да се случи за време на празниците како што беше лани. Тоа нема да можеме да го издржиме и тоа е причина зошто сега во пресрет на празниците воведуваме мерки. Таква мерка треба за да се намали притисокот на болниците“, рече министерот Филипче.

Денешната бројка на новозаболени министерот соопшти дека е околу 1200, што според него укажува на намалување и е уште еден доказ дека досегашните мерки даваат резултат.

„Во многу градови епидемилошката крива се зарамнува. Така е во Скопје и во уште неколку градови“, рече министерот Филипче.
Критична е состојбата во Куманово, Битола, Кичево и Тетово. Министерот тврди дека во сите градови има слободни болнички кревети, а онаму каде што во одреден момент ќе се исполни капацитетот, пациентите се препраќаат во соседните градови или пак во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ