Филипче: Маски на отворено мора да се носат за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот

Од:

Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето, вели министерот за здравство Венко Филипче во видео порака објавена на неговиот ФБ профил.

Сето тоа, посочува министерот, се аргументи кои нас за време на дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажа на тоа дека сепак маски на отворено мора да се носат.

– Доколку се носат на места каде со седење се одржува дистанца, во ресторани нема логика да се носат маски секако, но мислам дека оваа мерка значајно може да влијае на епидемиолошката слика да го намали бројот на новозаразени и да ја спречи трансмисијата на вирусот, истакнува Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on