Филипче: Коронавирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет

Од:

Коронавирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен. Ќе се јавуваат бранови на пациенти, но битно е растот на нови случаи да биде контролиран, за да може здравствениот систем соодветно да ги згрижи сите пациенти, објави на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека граѓаните треба да се грижат и за своето ментално здравје за време на кризата со Ковид-19.

– Да разликуваме митови од факти – ова е особено важно во време на криза. Да споделуваме точни информаци, за ефикасна заштита од Ковид-19 да се информираме од веродостојни извори, напиша министерот Филипче на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on