Филипче-Коцарев: МАНУ е една од клучните институции во справување со ковид пандемијата

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ.

Како што информира Министерството за здравство, на средбата се разговараше за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид 19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите.

„Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември, и болниците во Кичево и Дебар.

Министерот Филипче и академик Коцарев на средбата зборуваа и за зголемување на капацитетите на лабараторијата како и подобрување на условите за тестирање во иднина, а на средбата како иден план се постави вовоедувањето на проектот на национално ниво за воведување на персонализирана медицина како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината“, се вели во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on