Филипче ќе побара да се забранат приватните патувања во странство на здравствените работници

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче ќе побара здравствените работници во следните 14 дена да ги откажат и приватните патувања. Овој предлог ќе го достави до Владата на денешната седница.

„На Владата сакам да и препорачам уште една мерка по препорака на Комисијата за заразни болести, а тоа е здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања заради тоа што е многу непредвидливо дали некоја од земјите за кратко време ќе влезе во групата на земји со висок ризик па да треба тие да бидат во самоизолација од 14 дена. Сега секој здравствен работник ни е навистина драгоцен“, рече министерот Филипче.

За новите мерки за заштита од коронавирусот министерот Филипче најави дека ќе информира на следната прес-конференција.

Забраната за приватни патувања доаѓа откако директорката на Клиниката за дерматологија по враќањето од приватно патување не се самоизолирала туку пет дена доаѓала на работа, а одржала, а била и на симпозиум поради што во понеделникот во излоација беа ставени близу 200 луѓе кои имале контакт со неа.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска