Филипче ќе ја разреши директорката на охридската болница поради починатата пациентка од струшко

Од:

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66 – годишна жена од струшко која и покрај препораката од матичниот лекар, не била примена во болница. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека  е во тек истрага за целиот случај.

„Утре директорката ќе биде разрешена, ќе биде поставен нов директор. Денеска на увид се инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на одговорноста на сите други вклучени во овој процес и согласно информациите ќе се одлучува понатаму за одговорноста на луѓето вклучени во овој случај. Се испитува индикацијата за упатување од матичниот лекар, причините поради кои не била примена во боницата, зошто се случило сето ова. За резултатите дополнително ќе информираме “, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека во меѓувреме е покрената постапка од охридското обвинителство и апелираше институциите целосно да ја спроведат истрагата.

 

 

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска