Обвинителството ќе ја истражува смртта на жената од Струга која почина од коронавирус

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид по информациите во јавноста, отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.

Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но  пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата.

Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​

И Министерството за здравство ќе прави целосна ревизија на случајот на починатата 66-годишна жена од струшко со дијагностициран коронавирус која не била примена во болница иако матичниот лекар препорачал хоспитализација на инфективното одделение во охридската болница. Починала утрово, а вирусот вчера бил дијагностициран и кај неа и кај нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ