Филипче ќе ги објави цените на кинеските вакцини, смета дека опозицијата сама се фатила во лага и оти е зависна од лажни вести

Од:

Министерството а здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие дозвола за објавување. Во тек е постапка за декласификација на податоците од документите.

„Во соодветна процедура ќе се декласифицираат податоците за да се објави сето тоа“, рече денес министерот за здравство Венко Филипче.

Тој смета дека обвинувањата од опозицијата во последниве неколку недели за набавката на кинеските вакцини „имаат за цел да го поткопаат легитимитетот на нашата држава не само пред Кина, туку и пред меѓународната заедница“.

„Мој впечаток од обвинувањата од последниве недели се две работи. Прво, опозицијата сама се фати во лага и второ, патолошки е зависна од лажни вести. Прво обвини за 12 милиони уплата, јавно кажав на прес-конференција дека имаше уплата, па средствата се вратија, документите се јавни. Ниту е нешто скришно, ниту сомнително. Ваквите клевети не носат ништо конструктивно, сакаат да го поткопаат нашиот легитимитет и пред Кина и пред меѓународните фактори“, рече министерот Филипче.

Опозицијата обвини дека министерот Филипче префрлил 7,8 милиони долари на фантом фирма за кои се сомнева дека биле планирани за провизии за набавка на кинеските вакцини кои земјава би ги платила двојно повеќе од реалната цена.

Би можело да ве интересира

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски