На денешната владина седница пред министрите ќе се најде предлог – програмата за задолжителна имунизација на населението за 2022 година. Програмата е на предлог на Министерството за здравство.
„Се работи за програмата за редовна имунизација на населението“, велат од Министерството за здравство.
Редовната имунизација е задолжителна и се однесува за новороденчиња и деца на училишна возраст.
Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести која, според најавите ќе расправа за намалување на деновите за изолација и евентуални нови мерки поради ширењето на сојот омикрон од коронавирусот, а за новите предлози Владата ќе одлучува на денешната седница.
На дневен ред на седницата на Влада ќе бидат и предлог – програми за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2022 година, министрите ќе ја разгледуваат и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан.