Филипче: Имаме највисоки цени за храна, а власта ни продава приказни дека сме на врвот во Европа во економија

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори.

„Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со нивните пари. Додека платите стагнираа, инфлацијата го јаде секој заработен денар“ рече Филипче.

„Имаме највисоки цени за храна, а власта не прави ништо да ги ограничи додека ни продаваат приказни дека сме на врвот во Европа во економија. Сите изборни ветувања им беа една голема лага, а лажниот патриотизам превез за осиромашување на луѓето,“ посочи тој.

Филипче порача дека СДСМ нуди вистинска алтернатива, чесна понуда со остварливи програми:

„СДСМ на овие избори оди со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет. Граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе во општините кои ги предлага СДСМ и гол ПР на ВМРО-ДПМНЕ без никакви резултати.“

„Ние сме подготвени да работиме сериозно, транспарентно и секогаш со слух и емпатија за граѓаните. Тоа го докажавме во минатото, ќе го докажеме и сега. Државата и општините може да се вратат на вистински пат само со луѓе кои си стојат на зборот и не бегаат како кукавици при првата криза,“ рече претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он