Филипче: Имаме доволни количества резервни маски, мантили и скафандери, во Министерството од денеска функционира кризна група со експерти епидемиолози и инфектолози

Од:

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од денеска во рамки на Министерството за здравство функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација на сите активности и со другите институции и препораките кои вчера беа дадени од Центарот за управување со кризи. Во тек на денешниот ден ќе се дистрибуира целокупниот информативен материјал – прашалникот, како и заштитниот материјал до сите гранични премини, сувоземни и аеродромите, како дополување таму каде што недостига.

-Сакам да информирам дека имаме доволни количества резервни маски, мантили и скафандери, коишто ќе се дополнат во периодот што следува. Во текот на вчерашниот ден во доцните часови на Инфективната клиника се јави еден италијански државјанин, кој по доаѓањето дома, откако слетал од аеродромот во Милано, се појавиле симтоми слични на грип. Преземени беа сите мерки на внимателност и беа направени потребните тестови, при што негативен е тестот за корона вирусот. Уште еден пациент се наоѓа на Инфективната клиника, пациентот пристигнал од Дубаи, со симптоми слични на грип. Во текот на денот резултатите од испитувањето на неговата здравствена состојба ќе се знаат за два до три часа. Сакам да ги повторам апелите, прво апелираме да не се патува без некоја посебна потреба во Италија, посебно во Северна Италија, рече министерот Филипче.

Воедно упати апел до сите кои дошле од критичните региони да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, доколку по патување во период од две недели им се појават некакви симтоми да не се чека на здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје и уште еднаш упати апел до јавноста да биде сензитивна и да не наседнува на лажни вести, да не се креира непотребна паника. Министерството за здравство е на располагање 24 часа со цел споделување на сите точни информации.

На денешната седница на Влада ќе се дискутира за откажување на сите планирани патувања во овој дел на Европа од државните институции, при што тој упати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките коишто се дистибуирани, во смисла на одржување лична хигиена која помага во спречување на ширење на оваа инфекција, како и на актуелниот грип.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска