Филипче го повикува ВМРО-ДПМНЕ да учествува во изградбата на новиот Клинички центар

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче упати јавен повик до опозициската ВМРО-ДПМНЕ активно да се приклучи во проектот за изградба на новиот Клинички центар.

„Со желба за конструктивност за доброто на државата, министерот за здравство, Венко Филипче упатува јавен и отворен повик до опозициската партија ВМРО ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.

Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека се е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален Клинички центар за нивните потреби.

-Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект.

Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи“ вели министерот Филипче во својот јавен повик.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања