Филипче до медиумите: Вие сте партнер кој рамо до рамо со институциите имате важна улога во справување со кризата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите упати благодарност до новинарите и медиумските работници за нивниот влог во справувањето со борбата со Ковид 19.

– Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот кој го промени животот на милиони луѓе ширум светот, бевме уверени дека само точна, навремена и транспарентна комуникација може да придонесе во сузбивање на стравот и паниката кај граѓаните и подигнување на јавната свест. Паралелно со справување со пандемијата, светот се бори и со дезинформации и лажни вести, кои во вакви услови можат да бидат поопасни и од самата пандемија. Од друга страна, точните информации и известувањето базирано на факти се лек за човештвото и единствен начин да се добијат големите битки. Во едно вака комплексно опкружување, вие медиумите и медиумските работници сте повеќе од спрега помеѓу институциите и јавноста. Вие сте партнер кој рамо до рамо со институциите имате важна улога во справување со кризата. Одговоривте професионално на предизвикот и покажавте дека сте на висина на задачата и за тоа сум ви искрено благодарен, пишува Филипче во честитката.

Нагласува дека отворени институции, слобода на медиумите, фер и транспарентно известување е кодексот кој треба да се следи во криза, но и во мирнодобски услови.

Само така, вели Филипче, потврдуваме дека сме посветени на демократските вредности и дека водиме грижа за еден од основните столбови на демократијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он