Филипче: Денеска треба да пристигнат реагенсите за испитување на коронавирусот

Од:

Реагенсите за испитување на коронавирусот денеска би требало да пристигнат во државава. Досега имавме договор со Србија крвните анализи да се праќаат во Ниш, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека има околу 40.000 маски, скафандери и посебни мантили.

– Доколку имаме голем број заболени се обезбедуваме случајно нешто да не не изненади, така што опрема има сосема доволно. За време на седницата ќе ја информирам Владата за активностите кои се преземени. Во периодов од неколку денови правевме анализа со што располагаме во смисла на опрема, материјал, лекови итн. Ги анализиравме сите количини од сите институции кои може и треба да бидат вклучени во лекување евентуално доколку има пациент заболен од коронавирусот. Имаме доволни количини сега за почеток. Ќе пристапиме кон набавка на количини за да се обезбедиме за ситуација ако евентуално има и повеќе заболени, рече Филипче.

Потенцира дека во текот на вчерашниот ден во државава не влегле луѓе кои биле во Кина, нема податоци дека тие кои влегле досега, а биле на патување во Кина, имаат какви било симптоми,

– Ситуацијата е целосно под контрола, појасни Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден за борба против ракот.

Во врска со тоа дали ќе биде издадена наредба до клиниките и болниците да се забрани посета на болни на хематологија и онкологија каде има потешки пациенти поради не само коронавирусот, туку и поради грипот, министерот рече дека тоа може да се случи во наредните денови, но не директно однесувајќи се на коронавирусот заради тоа што го нема ниту кај нас, ниту во регионот, туку на сезонскиот грип, заради тоа што има вообичаена бројка заболени, но ако достигне одреден праг ќе препорачаат ограничена посета во болниците.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска