Филипче го разреши Мухамед Асани, директорот на болницата во Струга кој има дива амбуланта

Од:

Министерот за здравство, Венко Филпче денес ќе го разреши Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница Струга кому Државниот санитарен и здравствен инспекторат му откри дива амбуланта, дома, откако родилка од Дебар го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез си замина без бубрег, јајчник и матка.

„Директорот ќе се разреши, а во текот на денов или утре ќе биде назначен нов директор“, рече министерот Филипче.

Разрешување на Асани се чека од јануари годинава, кога родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, за изведените органи при породување јавно проговори, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе на терен и утврди дека Асани, дома, имал дива амбуланта во која прегледувал пациентки. Амбулантата беше затворена, а Инспекторатот поднесе кривична пријава против Асани. Министерот Филипче не даде објаснување зошто одлуката за разрешување на Асани ја носи два месеца по утврдената дива амбуланта.

Тој извести дека за оперирањето и лекувањето на родилката од Дебар, на барање на семејството и на Хелсиншкиот комитет, формирал нова Комисија составена од директорите на Клиниките за гинекологија, урологија, КАРИЛ и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тие треба уште еднаш да го анализираат случајот и да донесат нов заклучок, по оној на Комисијата од Лекарската комора, која по стучниот надзор во болницата во Струга, не најде пропусти во оперирањето и лекувањето на родилката од Дебар.

 

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска