Филипче даваше изјава без да обезбеди услови за медиумите и спротивно на протоколот

Од:

Со прекршување на насоките од протоколот за организирање настани со медиумско присуство, министерот за здравство, Венко Филипче, 21 минута даваше изјава за медиумите. Бидејќи Министерството за здравство како организатор на настанот не обезбеди услови за поставување на микрофони или шахти за звук за да се избегне групирање, новинарите беа стуткани едни во други додека министерот Филипче говореше за коронавирусот. Тој не се согласи дека се прекршува протоколот. На настанот имаше околу 13 новинари и исто толку сниматели.

„Настаните за кои е предвидено медиумско присуство е препорачано да се одржуваат на отворен простор, доколку временските и просторните услови го дозволуваат тоа, според следните мерки: се обезбедува озвучување со шахти за звук, за да се избегне преземање на звук од микрофоните на медиумските работници со цел да се заштитат присутните од групирање; се обезбедуваат два засебни микрофони, едниот се поставува пред говорникот, додека вториот е за медиумските работници кои поставуваат прашања; помеѓу присутните се обезбедува најголемо возможно растојание (најмалку два метри) и истовремено помеѓу новинарите и снимателите, но и истовремено помеѓу новинарите, снимателите и говорниците се уредува просторот на начин на кој нема групирање и не се нарушува соодветното растојание; доколку не постојат технички услови за озвучување, микрофоните на новинарите се поставуваат на едно место (постолје, говорница, маса) раздвоени физички од медиумските работници, со задолжено лице да ги дезинфицира пред и после говорењето на говорникот“, стои во протоколот за одржување на јавни настани со присуство на медиуми.

Иако насоките не беа испочитувани, министерот за здравство, Венко Филипче, чие министерство беше организатор, кажа дека според него протоколот не е прекршен.

„Не би рекол. Сепак сме надвор, сепак е една ситуација во која што сите сме свесни, во смисла на тоа дека се носат заштитните маски и трае кратко, едноставно. Ризикот е кога има групирање, кога луѓето не се придржуваат кон тоа да се носат заштитните маски и кога тоа групирање трае подолг временски период. И од тие групи видовме мини кластери и трансмисија на вирусот“, рече Филипче.

Протоколот предвидува доколку временските и просторни услови не дозволуваат настани со медиумско присуство на отворен простор, истите да се одржуваат преку дигитални алатки за вклучување во живо. Изјавата на Филипче беше по примопредавање на донацијата во Институтот за судска медицина.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска