Филипче: Болниците имаат доволен капацитет, продолжуваме со пристапот на дијагностицирање и асимптоматски носители

Од:

Во болниците има доволен капацитет за сместување ковид пациенти, а празна е и модуларната болница, вели министерот за здравство Венко Филипче

– Има сосем доволно. Повторно има под 100 пациенти вкупно во болницата 8 Септември, денеска втор ден по ред. На Клиниката за инфективни болести се уште има слободни места, целосно е празна и модуларната болница и во сите други инфективни одделенја има доволен број на слободни места. Нешто помалку има во Охрид и во Битола, но се менаџира тоа со секојдневната комуникација и сосем добро и во другите градови, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање по денесшната средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“.

Запрашан дали е остварливо и во наредниот месец да биде „крената рампата на ЕУ“ за македонските граѓани, со оглед на условот под 20 дијагностицирани дневно на 100.000 жители 14 дена по ред, Филипче рече дека важно е да се има увид во вистинската епидемиолошка слика за земјата и ќе се продолжи со актуелниот пристап на дијагностицирање со кој се откриваат и асимптоматски ностители на коронавирусот.

– Јас мислам дека не може само да се гледа апсолутната бројка на дијагностицирани пацинети заради тоа што е многу битно како се стигнува до таа бројка на дијагностицирани пациенти односно дали се прави широко тестирање или се прави индикација дури и за контактите на заболените кои епидемиолозите одредуват дека се со висок ризик. Кога тие не би ги тестирале нема да откриеме толкав број на асимптоматски носители, апсолутната бројка ќе падне, можеби ќе се дозволи влез во некои други земји, но нема да имаме увид во вистинската епидемиолошката слика во нашата земја. Ќе дозволиме да се случи пропуст, да шетаат луѓе коишто се асиптоматски носители на вирусот и ќе го шират вирусот и заразата. Затоа остануваме на овој принцип. Бројката како бројка ништо не значи, мора да се знае колкав процент од новодијагностицираните треба да бидат или се во болница, колку се со лесна клиничка слика и колку се асиптоматски. Во таа смисла ќе продолжиме со истиот пристап, истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска