Филипче: Благодарение на САД нашиот здравствен систем е чекор напред во квалитетот на услугите

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје, и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.

– Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со трето ниво на биобезбедност во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа, рече министерот.

Тој потенцираше дека од почетокот на пандемијата во лабораторијата на Институтот немало ниту еден инфициран вработен, бидејќи се придржувале до препораките за заштита.

– Во оваа лабораторија, во која беа извршени првите тестови за коронавирусот и кон која, беше најголемиот притисок од пациенти од целата држава, започнаа да прави по 20 тестови на ден, а сега се прават и по 1.200 тестирања, рече министерот, кој им честиташе на вработените за нивната пожртвуваност за време на пандемијата.

Министерот Филипче изјави дека преку Американската Амбасада во нашата држава, нашиот здравствен систем од САД добил заштитна опрема и материјали. Инфективната клиника од САД добила помош во медицинска опрема, а Клиниката за гинекологија и акушерство заштитна опрема.

– САД потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер, како во другите области така и во здравството. Ова е продолжение на една соработка која трае подолго време. Во изминатиов период беше целосно реновирана Клиниката за нефрологија, потоа Психијатриската клиника-Демир Хисар. Сега во тек се градежните работи на максилофацијална хирургија, а следниот период ќе почнат и на Клиниката за хематологија, со што САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, во делот на инфрастуктура и медицинска опрема, рече Филипче.

– Навистина е голема чест да се биде тука со министерот за здравство и директорот на Институтот за јавно здравје, со кои имам прилика да ги посетам реновираните лаборатории за микробиологија. Работата на експертите, стручните лица и техничари во овие простории е клучна и навистина значајна во справувањето со пандемијата, изјави за МИА по посетата амбасадорката Брнз.

Taa посочи дека она што го виделе денеска е импресивно и со задоволство може да каже дека дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Министерството и Институтот.

-Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство, рече Брнз.

Фактот што во последниве недели се прават повеќе од 1.700 тестови дневно, како што посочи американската амбасадорка, е потврда за одличната работа на Владата во справувањето со кризата во овој многу тежок период.

-Ние сме тука денес бидејќи веруваме и ќе ја продолжиме соработката со Институтот за јавно здравје и со Министерството за да им помогнеме да обезбедат подобри услуги за граѓаните на Северна Македонија. Затоа што знаеме, додека се соочуваме со предизвиците од КОВИД-19, заедно сме посилни, како колеги, пријатели и како сојузници, рече амбасадорката Брнз.

Би можело да ве интересира

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Орце Костов

Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици

Ковачевски-Брнз: Во ова кризно време членството на С. Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење

Ана Ололовска

Филипче пред заминување: Најмногу жалам што не успеавме да го почнеме новиот клинички центар

Маја Илиевска-Пачемска

Филипче: Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна затоа што тие треба да бидат пример

А1он

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он