Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Од:

Четири години, Битола е оставена на маргините. Четири години, градот што некогаш беше препознатлив по култура, по историјата, по урбаниот дух сега се гуши во застој, смет и запустеност. Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Битола.

Филипче пред многубројните граѓани во Битола, нагласи дека е време за промена, а таа промена доаѓа со кандидатот за градоначалник Методија Куновски и тимот на СДСМ и Коалицијата од советничката листа.

„Тоа е тимот што ќе работи со вас и за вас. Ќе слуша, ќе решава, ќе биде присутен. Не само во кампања, туку секој ден. Тоа е изборот што го заслужувате. Ова се чесни луѓе, луѓе со интегритет, луѓе професионалци, кои она што ќе го ветат ќе го исполнат“, истакна Филипче.

Тој порача дека Битолчани никогаш не стоеле настрана кога требало да се покаже став, Битола никогаш не била нем набљудувач туку секогаш била двигател на промена и ги повика граѓаните на 19 октормври да гласаат за бројот 5 за СДСМ и Коалицијата, за политика што носи резултати, а не изговори, за луѓе што се борат за другите, не за себе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните