Филипче: Ако има потреба од некаква рестриктивна мерка, тоа ќе го препорачаме

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави деновиве ќе разговараат со претставници на здравствените власти на Србија и на Косово за состојбата со коронавирусот и за потенцијалните ризици по нашата држава.

Прашан за зголемиот број на заболени со КОВИД-19 во Србија и Косово и дали се разговара на Влада и со Комисијата за заразни болести за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од овие земји, Филипче рече дека досега не е разговарано.

– Засега не, заради тоа што досегашните официјални податоци не укажуваа на така голем број, иако имавме информации дека нешто неофицијално се случува. Ќе разговараме деновиве со претставници на нивните здравствени власти за да видиме каква е ситуацијата, кои се потенцијалните ризици по нашата земја. Да, апсолутно да, ако во било кој момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во било кој дел од земјата, тоа ќе го препорачаме, изјави Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.

Прашан дали политичарите се доволно заштитени за време на изборната кампања, Филипче потенцира дека јасни се принципите и важат за сите, за секој собир.

– Да се носат маски и да се одржува дистанца. Секој кој не почитува го доведува во ризик сопственото здравје и секако здравјето на сите во околината, нагласи Филипче.

На новинарско прашање за здравствените работници кои бараат изземање од Избирачките одбори, министерот Филипче рече дека за тоа разговарал со Државната изборна комисија (ДИК).

-Бројот на апликации за изземање е практично идентичен на оние што биле изминатите години. Ова се избрани луѓе во Избирачките одбори од 2016 година. Значи имаат искуство, знаење, веројатно и помош за спроведување на протоколите. Нивно изземање сериозно би го нарушило овој процес. Станува збор за неколку илјади луѓе. Но, ги разгледуваме поединечните случаи, ако има со хронични болести или некоја друга причина и на тоа може индивидаулно да се одговори, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on