Филе во последна мисија да издејствува датум за Македонија

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска влезе во последна мисија „да го спаси образот“ на Европската комисија во однос четирите едноподруго препораки за отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, пред утрешниот Совет за општи рбаоти на Унијата на кој министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе ги донесат заклучоците за Самитот на Европскиот Совет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, попладнево во рамки на Комисијата за надворешни работи (ФАК) на Европскиот совет отвори дискусија за пакетот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но ограничено само на безбедносните ризици и очекуваните резултати од дијалогот Белград-Приштина.

Под раководна палка на Високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика Кетрин Ештон и на министерката за надворешни работи на Кипар-земја претстдавач со Светот, Ерато Козаку-Маркулис, министрите денеска дискутираат за безбедносните мисии во кои учествува Унијата ширум светот. Но, на попладневниот ручек на дискутантите денеска присуствуваше и еврокомесарот Филе, кој врши последен притисок утрешниот заклучок на ГАК да биде позитивен во однос на препораката за Македонија, која годинава по четврти пат ја издаде неговиoт Комесаријат за проширување.

– Комесарот Филе е на ручек со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, но дискусијата е за друга тема, не за проширувањето, изјави Петер Стано портпарол на еврокомесарот за проширување.

Тој, сепак, потврди дека ЕК и неговиот шеф на утрешниот Совет за општи работи ќе инсистираат на прифаќање на препораката за сите земји-кандидати и потенцијални кандидати, односно на се она што ЕК го има препорачано во октимвриските извештаи. Гласноговорникот на Филе, додава и дека се зависи од земјите-членки дали ќе ја прифатат нивната препорака во однос на Република Македонија и останатите.

Според официјалната објава од Кипарското претседателство, утрешниот и клучен ГАК започнува рано изутрина, а темата проширување и заклучоците на министрите за надворешни рбаоти и за европски прашања се очекува да бидат донесени до 18:00 часот. По завршувањето на утрешниот Совет, најавена е и специјална прес-конференција на која ќе присуствуваат комесарот Филе и претседавачот, кипарската министерка за надворешни работи Козаку-Маркулис.

Иако, расположението кај поголемиот број земји-членки е Македонија да ги отпочне пристапните преговори, нашите последни информации се дека Грција не сака да попушти и инсистира на заклучок каков што се донесе на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Тогаш, Алијансата се согласи дека Република Македонија ги исполнува сите реформи и издаде условена покана за членство на нашата земја во НАТО што би била активирана откако ќе се реши наметнатиот спор за името со јужниот сосед.

Сепак, ова е најнегативната варијанта во однос на драфт-верзиите што деновиве се вртат низ бриселските кулоари, а најмногу се типува на последниот драфт усвоен на состанокот на дипломатските претставници на земјите-членки, т.н. КОВЕБ, каде се предлага Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори во јуни 2013 година, кој најмногу би зависел од вонредна препорака на Комисијата за нашата земја што би се подготвила дотогаш, а која најмногу би се засновала на добрососедските односи.

– Европскиот Совет во голема мера ја дели проценката на ЕК дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и обрнува внимание на препораката да се отворат преговорите за пристапување со Поранешната Југословенска Република Македонија. Со оглед на можното отворање на пристапните преговори во јуни 2013 година, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), врз основа на извештајот што би бил претставен од страна на Комисијата во првата половина на 2013 година. Комисијата се повикува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која исто така ги зема предвид добрососедските односи, се предвидува во оваа драфт-верзијата.

Документот во врска со односите со соседите предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН останува од суштинско значење.

– Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок без одлагање. Советот го поздравува импулсот, кој е генериран од последните контакти/размена меѓу двете страни, по грчкиот предлог-меморандум за разбирање. Советот, покрај тоа е охрабрен и од последните контакти со посредникот на ОН, се наведува во ова нацрт-решение.

Притоа, во можниот заклучок од овој предлог се наведува и најчесто споменувата варијанта за Македонија досега, а тоа е почеток на т.н. скрининг-процес со отворање на поглавјата 23 и 24.

Иако утрешнио Совет за општи работи е последното тело кое ги носи нацрт-заклучоците за Самитот на Европскито совет, кој ќе се одржи во четврток и петок, можно е како во 2005 година, кога Македонија стана земја-кандидат, токму на Самитот на Советот да одлучуваат премиерите и претседателите на државите.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна