Филе во Македонија во јуни

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, во јуни ќе дојде во Македонија во рамки на четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), јавува дописникот на МИА од Брисел.

Филе на 5 и 6 мај ќе биде во посета на Србија и Косово, но сепак, иако ќе се најде во регионот, од неговата канцеларија за МИА потврдија дека тогаш нема да дојде во Скопје, со цел да го почека создавањето на новата Влада по предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела на 27-ми април.

– Комесарот Филе потврди на последниот состанок со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, дека ќе дојде во Македонија во рамки на четвртата рунда на ХЛАД-от, но откако ќе се состави Владата по предвремените избори, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување.

Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија е создаден како еден вид мост до официјалниот почеток на преговорите за членство на земјата во Унијата, а со цел Македонија што повеќе да го усогласи сопственото законодавство со европското.

Неформалната Влада на ЕУ, пет години по ред издава позитивни препоркаи дека Македонија ги исполнува сите услови за да ги започне пристапните преговори со Брисел, но поради грчкото вето на Самитите на Европскиот совет, највисокото тело на Унијата не може да постигне консензус и да даде “зелено светло” за предлогот на Еврокомисијата.

Поради ваквиот став на Советот кон предлогот на Комисијата за Република Македонија, еврокомесарот Филе последниов период постојано повторува дека “е загрозен целиот процес на проширување на ЕУ, поради кој лани Брисел се закити и со Нобеловата награда за мир, ако после толку позитивни препораки, Македонија не почнува со преговори за членство”. Овој став на Филе се најде и во последниот прогрес-извештај на ЕК за Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија